• Иван Димовски
Реал Мадрид одново има проблеми со повреди, но и суспензии во пресрет на дуелот со Алавес во Примера.
По претходното коло и поразот од Селта „кралевите“ останаа без два бека, Фран Гарсија и Алваро Карерас кои добија црвени картони. На тоа кога ќе се додадат и повредите, буквално цел тим од 11 играчи се недостапни за следниот дуел.
Освен Гарсија и Карерас за мечот со Алавес тренерот Алонсо не може да смета и на Милитао, Арнолд, Карвахал, Алаба, Рудигер, Менди, Камавинга, Мбапе и Ендрик.
Најдраматична е ситуацијата во одбраната каде што подготвени се само Раул Асенцио и Дин Хујсен, па Реал одново ќе мора да „измисли“ бекови.
Натпреварот меѓу Алавес и Реал се игра в недела од 21:00 часот, а од клубот се надеваат на „чудо“ и враќање на барем некој од повредените.





