Целта на Силекс и Работнички им е иста – стоп на лошата серија во ПМФЛ

Откако Вардар повторно остана без лиценца за европски натпревари, ова лето Силекс беше нашиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, па затоа кратовчани многу порано од останатите прволигаши ги стартуваше подготовките за новата сезона. 

Но, најверојатно овој факт си го зеде данокот во редовите на кратовчани, бидејќи тимот по одличниот старт и трите победи во првите четири кола, како да испушти здив и сега е во катастрофална серија од три порази и едно реми. Но, можеби репрезентативната пауза од две седмици ги наполни батериите кај ланскиот вицешампион, а денес тоа треба да го докаже на дерби дуелот со Работнички. 

Ниту ситуацијата кај „романтирачите“ не е сјајна. Поранешниот шампион врза три реми средби во последните три кола, па гостувањето во Кратово е вистински тест за квалитетите на момците на Достаниќ. 

  • Последните пет меѓусебни натпревари: 

01.12.19 ПМФЛ Работнички Силекс 1-1
29.09.19 ПМФЛ Силекс Работнички 1-0
20.04.19 ПМФЛ Силекс Работнички 1-0
24.02.19 ПМФЛ Работнички Силекс 1-1
28.10.18 ПМФЛ Силекс Работнички 2-0

Главен судија на мечот во Кратово ќе биде Васко Мавров од Струмица, а ќе му помагаат Стојан Костадинов (Струмица) и Тоше Ицев (Кавадарци). Четврти судија ќе биде Стојанче Трпчевски (Кавадарци).