ФОТО: Целиот свет зборува за „пантерот“ Мартинез и неговата одбрана против Јувентус

Емилијано Мартинез уште еднаш покажа зошто е најдобар светски голман и успеа со брза рефлексна реакција да ја спаси Астон Вила непријатна ситуација на натпреварот со Јувентус во Лигата на шампионите. 

Аргентинскиот чувар на мрежата успеа да реагира при ударот на Франциско Консеисао, и ја извади топката од самата гол-линија, а ВАР-технологијата ни покажа колку Јуве всушност бил блиску од отворање на резултатот на „Вила Парк“. 

Овој момент се случи во 65. минута, па веројатно Италијанците ќе беа во добра позиција да се борат за победа на тешкото гостување, но очигледно Мартинез имал поинакви планови. 

Состави

Унаи Емери

4-2-3-1

    Тиаго Мота

    4-2-3-1