ФОТО: Цел свет си фаќа сеир со Де Хеа - го прекрстија во Кариус!

Манчестер Јунајтед не успеа да слави пред своите гледачи на дуелот против големиот ривал Челзи (1-1) и речиси и да ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите идната сезона. 

Мата го отвори резултатот, а при крајот на првиот дел еден од најдобрите голмани на светот Давид Де Хеа пак киксираше, а тоа го искористи Алонсо за конечни 1-1. За шпанскиот голман ова не е прва грешка во последниот период, откако претходно им „подари“ голови и на Барселона и Манчестер Сити

Токму заради честите грешки на последните натпревари, фудбалските фанови започнаа да си фаќаат сеир со голманот на Јунјатед, па дури го прекрстија во Давид Де Хеа Кариус, алудурајќи на екс-голманот на Ливерпул кој беше катастрофален на ланското финале на Лигата на шампионите против Реал Мадрид