ФОТО: Цел свет обоен во боите на Чапекоенсе!

Загубата што вчера ја доживеа фудбалскиот клуб Чапекоенсе го потресе целиот свет, а за тоа најмногу говори фотографијата на која може да се види дека некои познати светски знаменитости се обоени во зелена боја, бојата на малиот фудбалски клуб од Бразил. 

Авионот кој патуваше од Боливија до Колумбија вчера се сруши во централна Колумбија, и за жал само тројца  членови на Чапекоенсе успеаа да го преживеат овој пад.