ВИДЕО: Цел свет му се смее на Сити за вештачкото славје на трофејот од ПЛ!

Екипата на Манчестер Сити од вчера и официјално стана нов шампион на Премиер лигата, а до петтата круна стигна откако градскиот ривал Јунајтед беше поразен од ВБА и ги загуби сите шанси за трофејот. 

Поради овој успех еден од спонзорите на клубот направи видео симулација од фешта на „Итихад“, каде играчите и фановите го слават овој трофеј. Во моментите додека вистинските фанови на „граѓаните“ по пабовите ја слават титулата, овој медиумски потег наиде на големо исмејување на социјалните мрежи. 

„Ова е доказ дека нема ништо природно во овој клуб“, пишува во еден коментар за ова видео симулација.