• Горан Упале
Во крајно возбудлив натпревар и гол во последните моменти екипата на Фенербахче извојува голема победа на гостувањето кај Трабзонсор од 2-3.
Голот вреден три бода за Фенер го постигна Амрабат во 102 минута, по што следуваше лудо славје на гостите. Очекувано, водич во сето тоа беше Жозе Мурињо кој влезе во теренот и сакаше да прослави со лизгање на колената, па за малку ќе се повредеше.
#Mourinho #celebrating a last minute winner mourinho is back pic.twitter.com/IqYvc2s4fg
— Torstein Solheim (@Solheim1000) November 3, 2024
Видеото од прославата на Мурињо веднаш стана хит на социјалните мрежи, а искусниот стратег стана мета на потсмев.