Цел свет мисли дека Реал Мадрид е „мртов“, „кралевите“ гостуваат во Билбао

Заборавете на Ријад. Вака на најкраток можен начин би можела да се опише првата задача на Кралскиот клуб, по тешкиот пораз од Барселона во борбата за шпанскиот Суперкуп во Ријад. А токму тоа го кажа Карло Анчелоти во најавата за мечот со Валенсија, прв по враќањето од Саудиска Арабија.

Шпанскиот печат ги дочека на пенал. Веќе се има замерки. Нападот премногу зависи од Карим Бензема, Лука Модриќ е изморен по одличното Светско првенство, а и понатаму нема вистински замена. Работите да бидат уште полоши, Чуамени, Лукас Васкез и Давид Алаба имаат проблеми со повреди, а неизвесно е дали ќе бидат на теренот кога Реал Мадрид в недела ќе патува на Сан Мамеш за да се соочи со Атлетик Билбао.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Атлетик Билбао - Реал Мадрид

Вистина е дека критиките можеби се претерани, бидејќи ако Реал Мадрид нè научи нешто, тоа е дека Кралскиот клуб има уникатна способност да се издигне од нокаут. Со тоа што, како што рече Анчелоти, претстои нов циклус за Мадрид, бидејќи и Реал во последните години го подмлади составот.

Повредите влијаеја на се. Да не се биде на врвот е сосема нормално. Треба само да го поминеме овој месец. Знаеме дека сите мислат дека Реал е мртов... Сите зборуваат за Бензема, Крос, Модриќ, но вистината е дека во овој тим играат многу млади играчи. Значи, ова не е крај, ова е нов почеток.

Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Примера

Баскијците имаат свои маки, ги потресе поразот од Реал Сосиедад, пред тоа забележаа две нули со Осасуна и Бетис, па Атлетик исто така потфрли во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите на кои потајно се надеваат. Минатата година во ова време Атлетик го победи Реал во Купот на Кралот со голот на Беренгер во 89. минута за 1-0. А инаку, нивните дуели не се претерано ефикасни, на четири од последните пет не видовме повеќе од два гола.