• Зоран Мишевски
Ако поголемиот дел од фудбалскиот свет го бара имплементирањето на ВАР-технологијата (меѓу нив е и Македонија), постои една земја која не сака помош од видео-технологијата во светот на фудбалот.
„Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Шведска, Фредрик Рајнфелд.
Технологијата во фудбалот постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути. Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Осумнаесет елитни клубови и две области рекоа дека не сакаат да воведат ВАР-технологија, па можноста пропадна и нема да има нови обиди за имплементирање за сезоната 2024/25.