ВИДЕО: Цел стадион пее, Меси и Скалони со насолзени очи - Аргентина ја слави титулата!

Првиот натпревар на аргентинско тло по освојувањето на светската титула е вистинска забава. На преполниот „Мониментал“, Аргентина игра пријателски натпревар против комбинираната репрезентација на Панама.

Пред почетокот на натпреварот поздравени беа сите шампиони, а посебно емотивна беше химната на Аргентина, испеана од скоро 90.000 луѓе на стадионот на Ривер Плата. Со насолзени очи селекторот Скалони, капитенот Меси и повеќе репрезентативци го одбележаа најемотивниот момент.

  • Интонирањето на аргентинската химна на „Монументал“ во Буенос Аирес:

Аргентина има само еден официјален пораз во последните неколку години и во овој момент е шампион и на Јужна Америка и светски првак.