Цел нов тим во Шкупи: Првакот промовира 11 нови имиња

Екипата на Шкупи реши да прави ремонт по освоената шампионска титула и донесе дури единаесет нови фудбалери за предизвиците во Европа и на домашната сцена кои допрва следат.

Гоце Седлоски на располагање има нови 11 фудбалери. Нови членови на Шкупи се Мелос Бајрами, Ангелче Тимовски, Џелил Абдула, Марио Ричков во одбраната, Благоја Спирковски, Алекс Златков, Фикрет Ливарека, Кристијан Ацковски во средниот ред, како и Пепи Ѓорѓиев, Реналдо Цефас и Антонио Каланоски во нападот.

Шкупи се воигрува за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, каде чека двомеч со Линколн Ред Импс од Гибралтар. Ако се мине овој ривал, следи двомеч со Динамо Загреб, а ако се испадне, чаирчани се селат во Конференциската лига на УЕФА.