ВИДЕО: Цел кварт Бока излезе на улица и спектакуларно го испрати својот тим на „Суперкласико“

Бока насловна

Квартот од каде што доаѓа Бока Јуниорс и покрај сите безбедносни мерки во Буенос Аирес, направи невиден спектакл и соодветно ги испрати фудбалерите на реваншот на Копа Либертадорес.

„Суперкласико“ дуелот, кое требаше да се одигра на „Монументал“, стадионот на Ривер Плата, поради инцидентите, во кои беа нападнати играчите на Бока, беше одложен и преместен на европско тло. „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин на дербито, одлука, која наиде на осуда од страна на аргентинските навивачи.

Вчера, екипата на Бока Јуниорс се упати кон Мадрид, а при поаѓањето со автобусот, на улица излегоа огромен број на навивачи, кои приредија мал спектакл со пиротехника.

Погледнете како изгледаше атмосферата во Буенос Аирес: