ЦАС одлучи: Михајловиќ за девет дена во Спортинг ќе добие три милиони евра

Српскиот стручњак кој ја предводи Болоња, Синиша Михајловиќ имаше тешка година зад себе. Нему му беше дијагностицирана леукемија и мораше да биде подложен на хемотерапија, која храбро ја издржа и притоа ја зачува својата работа. 

Тој во неколку наврати заминуваше на третмани, но беше во константни контакти со играчите, следејќи ги тренинзите од болница, па неговиот потег беше признат како херојски и беше поздравен од целата спортска јавност. 

Сега, Судот за спортска арбитража (ЦАС) од Лозана најави дека Србинот ќе добие дополнителни три милиони евра на своето конто. Парите ќе бидат уплатени од Спортинг, на чија клупа тој седеше само девет дена. 

Причината за краткиот престој во Лисабон беа кадровските проблеми во тимот, па целиот стручен штаб беше отпуштен, а Михајловиќ испрати тужба која сега ќе ја материјализира.