ЦАС ја потврди суспензијата од 10 години за Скендербег

Скендербег

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ја потврди казната која што ја доби албанскиот прволигаш Скендербег.

Овој случај за наместени натпревари заврши денес со конечна одлука и суспензија за наредните десет години. Жалбата на клубот беше одбиена врз основа на докази добиени од шаблони за обложување.

УЕФА потврди дека наместени се натпреварите против Динамо Загреб и Крусајдерс во квалификациите за Лигата на шампионите и два дуели од групната фаза во Лига Европа, против Спортинг Лисабон и Локомотив Москва.

Исто така, албанската екипа беше под сомнеж дека наместила преку 50 натпревари во домашното првенство од 2011 година до денес.

Со оваа одлука, Скендебег во наредните десет сезони нема да има право да настапува во европските натпреварувања.