Цакташ: Нè фати паника што сè промашивме, добро е што сочувавме водство

Можеби очекуваа полесна задача и поубедлива победа, но фудбалерите на Хајдук мораа да се испотат до последниот судиски свиреж во Скопје за да ја совладаат Ренова на Бујар Ислами. Победата од 0-1 ја донесе Цакташ со гол со глава во првиот дел.

Токму капитенот на Хрватите ги издвои позитивните моменти од жешкото попладне во Скопје.

„Најважно е што победивме. Добро влеговме во дуелот, можевме да го решиме прашањето на победникот порано во првото полувреме. Имавме навистина добри шанси и штета што не постигнавме гол. Кога не реализирате, ве фаќа паника и тимот што немаше ниту една шанса ви ја доведува во прашање победата.

Ни следи дуел со Галатасарај или Нефчи. Кој и да е ривалот ќе се подготвиме и нема да го повториме грешките од вториот дел во Скопје“, рече Цакташ. 

Ренова првпат е елиминирана од хрватски тим, откако пред дванаесет години беше подобра од Ријека, водена од Здравко Далиќ. Само од евро-настапите „гипсарите“ заработија повеќе од половина милион евра.