Цајдлер: Ако Вардар ја погодеше првата шанса, мечот ќе беше друг

За разлика од мечот во Скопје, причини за радост има кај тренерот Питер Цајдлер. Неговата Лозана славеше со 5-0 над Вардар и швајцарскиот тим продолжи со европските настапи ова лето.

„Ако Вардар дадеше гол преку онаа шанса која ја промаши, мечот можеше да биде друг. Чекав реакција од ривалот, но немаше ништо. По четвртиот гол веќе бевме ослободени и игравме полесно. Голманот реагираше одлично, да не го одбранеше тоа, ќе беше друго. Вардар е добра екипа, знае да игра фудбал. Ние игравме на домашен терен и по првиот гол се тргна во наша полза. Можеби и психолошкиот момент по првиот дел го реши мечот. Вардар е добра екипа, не загуби затоа што е лош, но ние не се плашиме и од другите.“, изјави Цајдлер.

Во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА, Лозана ќе се соочи со Астана од Казахстан.