ЦАФ значително ги зголеми премиите за Купот на Африка

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) објави дека победникот на Купот на нации ќе добие седум милиони долари, што е за два милиони долари повеќе отколку што бранителот на титулата Сенегал освои во 2021 година.

Африканската федерација ги зголеми и останатите награди. Второпласираната репрезентација ќе заработи четири милиони долари, полуфиналистите ќе инкасираат по 2,5 милиони долари, додека четирите четвртфиналисти ќе добијат по 1,3 милиони долари.

Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Алжир, Јужна Африка, Сенегал, Буркина Фасо, Тунис, Египет, Замбија, Екваторијална Гвинеја, Нигерија, Гвинеја-Бисао, Зеленортските Острови, Мали, Гвинеја, Гана, Ангола, Танзанија, Мозамбик, ДР Конго, Мавританија, Гамбија, Камерун и Намибија ќе патуваат на шампионатoт кој ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата коста.