Ц. Звезда заработи богатство со пласманот во плеј-офот на ЛШ!

Српскиот фудбалски првак Црвена Звезда преку Копенхаген се пласираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, а покрај резултатскиот бенефит на УЕФА-листата, белграѓани имаат и добар финансиски бенефит.

„Црвено-белите“ во последниот филтер пред ЛШ се пласираа преку пеналите. Засега, Црвена Звезда има сигурна заработка од 9,634,320 милиони евра, без разлика што ќе се случи во плеј-офот.

Доколку испадне од последната рунда пред ЛШ, Црвена Звезда патува во Лигата на Европа, а сумата ќе се зголеми додатно во зависност од резултатите. Но, доколку влезе во ЛШ, тогаш тимот ќе добие најмалку 17,4 милиони евра, што е неверојатно за тим од Балканот. Плус, секоја победа или реми носат екстра-средства. Исто е и со пласманот во нокаут-фазата.

Црвена Звезда и во ланската сезона играше во Лигата на шампионите и во група беше со атрактивни противници – Ливерпул, ПСЖ и Наполи.