ВИДЕО: Ц. Звезда загуби во Хелсинки, но продолжува понатаму во ЛШ

Екипата на Црвена Звезда патува во наредната квалификациска рунда од Лигата на шампионите и покрај поразот кај ХЈК Хелсинки во Финска (2-1) во рамки на реваншот од 2. коло во елитата.

  • Извештај од натпреварот:

Белграѓани дојдоа во Финска со два гола залиха од првиот меч, па така, не им менува тоа што загубија. Натпреварот се реши во второто полувреме, кога паднаа сите три погодока на оваа средба.

Веднаш на стартот на второто полувреме, Хелсинки поведе пред својата публика со погодок на Далсторм, а „златниот гол“ за српскиот првак го постигна Јовановиќ, кој доби топка од Марин во 56. минута и реализира. Во 92. минута, Риски постигна гол за триумф на Хелсинки и пирова победа пред своите гледачи.

Црвена Звезда во наредната фаза ќе игра со дански Копенхаген, кој го победи ТНС сигурно во првата средба и само чудо на домашен терен може да го спречи од пласман во наредна рунда.