Ц. Звезда под истрага, може да игра во групите на ЛШ пред празни трибини!?

Српскиот првак Црвена Звезда оствари голем успех и втора година по ред се пласира во групите на Лигата на шампионите, но втората сезона може да ја почне пред празни трибини.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја стави Црвена Звезда под истрага, а клубот би можел да добие голема санкција. Клубот се терети за лоша организација, пиротехника, фрлање на предмети, блокирање на влезови, недолично однесување на навивачите, но и играчите.

Црвена Звезда би можела да добие драстична санкција, со оглед на тоа што слични работи се повторувале и во минатото.

Одлуката на оваа тема ќе биде донесена на 19 септември.