ВИДЕО: Ц. Звезда одигра храбро во Милано и со крената глава се прости од Европа!

Екипата на Црвена Звезда повторно остана непоразена со големиот Милан, но, мора да се прости од Лигата на Европа. По ремито во Белград (2-2), „црвено-белите“ успеаја да одиграат реми и во Милано (1-1), ама поради правилото за голови на гости испаднаа од најмасовното натпреварување на УЕФА.

  • Милан - Црвена Звезда 1-1:

Црвена Звезда не се посрамоти против една од екипите кои играат најдобар фудбал во домашните првенства. Белграѓани беа рамноправни со Милан, а ако ги користеа шансите кои ги имаа, можеа да направат и целосна сензација.

Уште во 9. минута Гобељиќ направи пенал, кој во гол го претвори Кеси. Потоа, Ц. Звезда имаше поништен гол и пречка, но правдата беше задоволена кога Ел Фараду Бен во 24. минута погоди за 1-1. Пред крајот на првиот дел, Канга се закани за Звезда ама не реализира, па на стартот на вториот дел Милан почувствува опасност, Пиоли ги внесе Ибрахимовиќ и Ребиќ, па тежината на играта се префрли на половината на гостинот.

Ибрахимовиќ и Ребиќ имаа прилики, ама Борјан не дозволи да се тресе неговата мрежа. Во 70. минута Ц. Звезда остана со играч помалку поради втор жолт картон на Гобељиќ, а четири минути подоцна Ибра ја стресе мрежата на српскиот првак, но имаше офсајд. Иако со играч помалку, Црвена Звезда почна да притиска, имаше две добри шанси преку Катаи, но откако немаше гол, мечот заврши без победник и Милан оди во осминафиналето на Лига Европа.

  • Рома - Брага 3-1: 

Рома на домашен терен славеше над Брага со 3-1, па исто така поради голови на гости оди понатаму. Џеко, Перез и Мајорал стрелаа за „волчицата“, а единствениот гол за Брага беше дело на Кристанте кој си постигна автогол.

Јанг Бојс славеше кај Баер Леверкузен (0-2), го шокира фаворитот на хартија и патува во осминафиналето на Лига Европа. Сибатче и Фаснахт стрелаа за швајцарскиот тим и ги изненадија „фармацевтите“ од Бундеслигата.

Разочарување доживеа и Клуб Бриж, кој на домашен терен загуби од Динамо Киев (0-1) и се прости од Лига Европа. Единствениот гол на мечот го даде Бујалски во 83. минута.