Ц. Звезда на Панчев и Најдоски во конкуренција за најдобар тим во историјата

Шампионската генерација на Црвена Звезда во која имаше двајца Македонци конкурира за најдобар тим во историјата на фудбалот, во изборот на шпанскиот реномиран весник „Марка“.

Белграѓани со вкупно 7.000 гласови се наоѓаат на седмото место на вкупната листа од 22 тима. Најмногу гласови доби Барселона од ерата на Пеп Гвардиола, второто место е за Реал Мадрид на Зинедин Зидан, додека третото место е за Милан на Ариго Саки.

Во редовите на Црвена Звезда од нашата земја тогаш настапуваа Дарко Панчев и Илија Најдоски, а дел од првиот тим беа уште имиња како Белодедиќ, Југовиќ, Михајловиќ, Просинечки, Савиќевиќ...

Црвена Звезда во 1991 година предводена од Љупко Петровиќ ја освои тогашната Лига на шампиони, а најдобар стрелец во сезоната беше Дарко Панчев со вкупно 45 гола.