ВИДЕО: Ц. Звезда јуначки до реми во Берн, во Белград ќе брка нова ЛШ!

Српскиот фудбалски шампион Црвена Звезда одигра солиден натпревар во Швајцарија против Јанг Бојс и со реми (2-2) ќе го чека швајцарскиот ривал на домашен терен, во последниот меч за борба за пласман во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

„Црвено-белите“ одиграа јуначки натпревар, голманот Борјан бранеше кога беше најпотребно, па со позитивен резултат ќе го чекаат Јанг Бојс на домашен терен. Мечот се отвори уште во 7. минута, кога погоди Асал, а во 18. минута српските навивачи ги развесели Дегенек, кога по асистенција на Марин реализира за 1-1.

Тоа беше резултатот и на паузата, а во вториот дел, дебитантот и новајлија Гарсија, со првиот гол во дресот на Црвена Звезда донесе нова предност (1-2). Во 73. минута Боачи беше невнимателен во шеснаесетникот и го сруши Енгамело, а судијата со помош на ВАР покажа на белата точка, казна која во гол ја претвори Оро, за конечни 2-2. Пред крајот, Јанг Бојс за малку не дојде до победа, но на ниво на задачата беше Гобељиќ кој во 84. минута расчисти од самата гол-линија.

Реваншот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград е закажан за седум дена, а Црвена Звезда ќе се бори за второ последователно учество во групите на Лигата на шампионите. На останатите натпревари, Олимпијакос го прегази Краснодар (4-0), додека Динамо Загреб дојде до триумф над Розенборг (2-0).

  • Извештај од натпреварот: