Ц. Звезда го продаде Павков во Кина за три милиони евра

Екипата на Црвена Звезда го продаде еден од своите најпознати играчи, Милан Павков и тој својата кариера ќе ја продолжи во Кина, пишуваат медиумите од Србија.

Белграѓани наводно ја прифатиле понудата од Џангсу Санинг. Кинескиот тим за Павков ќе плати три милиони евра, додека фудбалерот ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.

Ц. Звезда нема да ги добие сите пари, затоа што 30% од трансферот, или нешто околу 900.000 евра, одат во касата на Раднички Ниш, тим од кој Павков пристигна во „црвено-белите“ во 2017 година, за сума од 300.000 евра.

Милан Павков ја стекна својата слава во Лигата на шампионите, со двата ефектни гола против Ливерпул.