Ц. Звезда е класа за овие простори: Милионски приход, високи плати и огромен буџет

Директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, зборуваше за финансискиот дел од годината. 

Српскиот клуб сериозно го крена квалитетот, суверено доминира во тамошоното првенство, а носи и завидни имиња за овие простори за завидни суми. Тоа сè е возможно поради присутноста во европските натпреварувања. Освен на играчки план, Црвена Звезда врти и сериозни пари. 

Терзиќ откри дека во тековната година клубот има приходи од неверојатни за овие простори 70 милиони евра. Од тоа 42 милиони доаѓаат од трансфери на фудбалери, додека 28 милиони евра се бонуси и премии од УЕФА за учеството во клупските натпреварувања. 

Освен тоа Звездан Терзиќ откри дека највисоката плата во Црвена Звезда е 1.250.000 евра, што е горна граница на најплатениот. Тој најави дека во следните години границата ќе се помести и клубот ќе може да дава плати од два до два ипол милиони, а за функционирањето во годината им е потребно преку 65 милиони евра.