Бурхан Мустафа не е повеќе „единица“ на Гостивар

Екипата на Гостивар остана без едно од засилувањата, затоа што тимот се раздели со Бурхан Мустафа.

Мустафа, кој има 32 години, пристигна во второлигашот со високи амбиции во текот на летниот преоден рок, ама по шест месеци ќе следи разделба и тој ќе си бара нова средина.

Се работи за голман со прволигашко искуство затоа што претходно ги носеше дресовите на Работнички, Борец, Шкупи, а исто така во минатото настапуваше и за Еуромилк и Дрита. Мустафа има и една авантура во Косово каде беше дел од Феризај.

Гостивар ја заврши сезоната во ВМФЛ како лидер на табелата и нема пораз по 14 одиграни натпревари.