• Мартин Танасковски

Академија Пандев во пролетниот дел од сезоната ќе има нов голман затоа што се договори со Бурхан Мустафа.
Чуварот на мрежата стави потпис на шестмесечен договор со струмичани. Искусниот 32-годишен голман се обврза до крајот на сезоната да го облече дресот на Академија Пандев.
Мустафа доаѓа од екипата на Гостивар, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Борец, Работнички, Дрита, Шкупи и косовски Феризај.