• Горан Упале
Ждрепките во светот на фудбалот често, оправдано или неоправдано, се мета на критики и често се придружени со репутација дека се наместени, но она што се случи во Романија е навистина тешко да се оправда.
Ждрепката за паровите од Купот на Романија предизвика бура на реакции и обвунувања дека е целосно наместена. Автор на наводниот скандал е Габриел Бодеску, заменик-генерален секретар на Романската фудбалска федерација.
Откако неговиот партнер во ждрепката го извлече клубот Фарул Констанца, Бодеску приреди вистинско „шоу“ за време на ждрепката. Тој држеше една специфична топка, а ги „мешаше“ другите. Токму топката што ја држеше во раката на крајот беше извлечена.
Така, тимот од втората лига, Корвинул Хунедоара, беше извлечен за противник на Фарул Констанца. Намерно или не, Фарул Констанца доби лесен ривал во следната фаза од Купот. Романската фудбалска федерација веднаш се огласи и негираше дека ситуацијата имала некаква врска со наместувањето на паровите за време на ждрепката.





