Бунтовниците од Наполи скапо ќе ја платат непослушноста

Наполи

Неколку фудбалери на Наполи драконски ќе платат поради тоа што не ја послушаа наредбата од претседателот Аурелио де Лаурентис.

Тие не сакаа да бидат во карантин по дуелот со Салцбург и наместо тоа, си заминаа дома кај своите најблиски. Таа одлука може скапо да ги чини, со оглед на тоа што првиот човек на калчолигашот заедно со своите адвокати разгледува опција да изрече парична санкција.

Стратегијата е тие да добијат казна од 25% од вкупните примања оваа сезона. Тоа значи дека Кулибали ќе загуби еден милион и половина милиони евра. Доколку се случи ова, големите ѕвезди на тимот на чело со Мертенс, Каљехон и Инсиње скоро сигурно ќе си заминат и ќе бидат продадени.

Од целата ситуација ќе се спаси Карло Анчелоти кој заедно со стручниот штаб заминал на тренинг центарот, каде ја поминал ноќта и го испочитувал претседателот.

Навивачите се разочарани од однесувањето на играчите, а нивното незадоволство го изразија на последниот тренинг, на кој своите миленици ги нарекоја „платеници“.