• Мартин Танасковски

Репрезентацијата на Алжир направи голем успех и вторпат во својата историја го крена трофејот на Африканскиот Куп на Нации, откако во финалето во Каиро славеше над Сенегал со минимални 0-1 (0-1).
- Извештај од натпреварот:
Алжирците беа во споредна улога на овој натпревар, а за тоа говори статистиката, затоа што имаа само еден шут кон голот на противникот и истиот го претворија во погодок. Шокот за Сенегал дојде уште во втората минута, кога Бунедџах успеа да погоди по асистенција на Бенасер, за голема радост во Алжир.
Оттогаш па се до крајот на мечот доминираше Сенегал. Фудбалерите на Сисе имаа многу шанси, а вреди да се напомене дека двапати судијата реши да не досуди пенал, по консултација со ВАР-технологијата. Фудбалерите протестираа, бараа најстрога казна во 38. и 62. минута, но залудно. Вреди да се напомене дека во 62. минута судијата прво покажа пенал, но со ВАР го поништи.
За Алжир ова е втора титула во историјата на Африканскиот Куп на Нации, по онаа во 1990 година кога беа домаќини на континенталниот собир.