• Саше Љолес
Почетокот на новото издание на германската Бундеслига ќе донесе големи новини. За првпат навивачите ќе имаат можност да ги видат малите камери кои се на телото на судиите, а беа досега употребени на Светското клупско првенство и на други натпреварувања под капата на ФИФА.
Камерите се наоѓаат во малите слушалки на судиите, кои им помагаат за комуникација со ВАР-собата. Од следната сезона судиите ќе мораат јавно да ги соопштат своите одлуки. Истите правила ќе се воведат и во Цвајте од 17 октомври годинава.
Ова значи дека отсега сите судии директно ќе ѝ се обраќаат на публиката за сите конечни одлуки на теренот, по консултацијата со колегите во ВАР-собата. За присутните на стадионот и гледачите пред ТВ-екраните, оваа новина сигурно ќе донесе дополнителна возбуда.
ФОТО/PHOTO: Bundesliga.com








