Бундеслигата оди кон врвот, рекордна заработувачка за клубовите од ТВ-правата

Германската Бундеслига со децении е меѓу најквалитетните натпреварувања во Европа, а тоа се потврдува и со новиот договор со кој клубовите од првата и втората лига ќе добијат рекордни приходи. 

Во прашање е вториот најбогат договор меѓу сите лиги од „големата петорка“, па така во следните четири години ТВ-правата на двете Бундеслиги ќе ги имаат гигантите „Спорт 1“, „РТЛ“, „ЗДФ“ и „АРД“. Во договорот останува и медиумската куќа „Скај“, која ќе има право на пренос на петочните натпревари, како и два меча од секое коло во „Цвајте“. 

Севкупно, сите 36 клубови во следните четири години ќе поделат огромна сума од дури 4,5 милијарди евра, што претставува раст од скоро 3 проценти во однос на претходниот договор.

Клубовите се задоволни, а Германската фудбалска федерација со гордост најави дека првите две фудбалски лиги минатата година го зголемиле интересот кај публиката за повеќе од 20 проценти.