Бундеслигаш пропуштил шанса да го ангажира Халанд, проблемот биле 3.000 евра!

Хофенхајм

Норвежанецот Ерлинг Халанд покажува дека е еден од најталентираните фудбалери на денешницата со своите настапи во дресот на Борусија Дортмунд.

Има само 19 години и веќе ги освојува срцата на фановите ширум светот. Од оваа зима е дел од Бундеслигата, нешто што можеше да го направи пред неколку години.

Тогаш за него беше заинтересиран тимот на Хофенхајм. Норвешкото „чудо од дете“ дури и тренираше со клубот неколку дена, но на крај не успеа да ги договори условите за да направи трансфер.

Проблемот беше барањето на родителите на Халанд за заработка од пет илјади евра месечно. Хофенхајм нудеше само две, па на крај соработката пропадна.

Голема грешка на германскиот тим кој сега сигурно се кае што пропушти шанса во своите редовите да има ѕвезда од калибарот на Халанд...