Бундес трансфери: Заминаа Халанд и Левандовски, коренити промени кај фаворитите

Оваа сезона во Бундеслигата е јубилејна - шеесетта. Започнува вечерва и ќе трае до 27 мај 2023 година. Бидејќи Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во зима за првпат во историјата - од 21 ноември до 18 декември - поради климатските услови во земјата домаќин, Катар, Бундеслигата ќе има продолжена пауза во текот на сезоната. 

Клубовите мора да ги ослободат интернационалнците на 14 ноември 2022 година, па последниот натпревар од Бундеслигата пред паузата е закажан за 11-13 ноември.  Лигата ќе продолжи десет недели подоцна, на 20 јануари 2023 година. 

Баерн Минхен
Дојдоа: Матијс Де Лихт (Јувентус), Садио Мане (Ливерпул), Матис Тел (Рен), Рајан Гравенберх (Ајакс), Нусаир Мазрауи (Ајакс)
Заминаа: Роберт Левандовски (Барселона), Крис Ричардс (Кристал Палас), Марк Рока (Лидс), Омар Ричардс (Нотингем Форест), Никлас Суле (Борусија Дортмунд), Корентин Толисо (Лион)

Борусија Дортмунд
Дојдоа: Себастијан Халер (Ајакс), Карем Адејеми (Салцбург), Никлас Суле (Баерн Минхен), Салих Озкан (Келн), Нико Шлотенберг (Фрајбург)

Заминаа: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Стефан Тигес (Келн), Аксел Витсел (Атлетико Мадрид), Роман Бурки (Сент Луис), Марвин Хиц (Базел), Дан-Аксел Загаду

РБ Лајпциг
Дојдоа: Давид Раум (Хофенхајм), Хавер Шлагер (Волфзбург), Јанис Бласвич (Хераклес)

Заминаа: Тајлер Адамс (Лидс), Хи-Чанг Хванг (Волвс), Брајан Броби (Ајакс), Норди Мукиеле (ПСЖ), Адемола Лукман (Аталанта), Ерик Мартел (Келн), Ноа Охајо (Стандард Лиеж)

Баер Леверкузен
Дојдоа:
Адам Хлозек (Спарта), Надием Амири (Џенова)

Замина: Лукас Аларио (Ајнтрахт), Мичел Вајзер (Вердер)  

Ајнтрахт Франкфурт
Дојдоа: Марио Геце (ПСВ Ајндховен), Лукас Аларио (Баер Леверкузен), Ханс Петер Хауге (Милан), Кристијан Јакиќ (Динамо Загреб), Хрвоје Смолчиќ (Ријека)

Заминаа: Стивен Зубер (АЕК Атина), Доминик Кор (Мајнц 05), Родриго Залазар (Шалке 04)

Борусија Менхенгладбах
Дојдоа: Ко Итакура (Манчестер Сити), Оскар Фрауло (Мидтјиланд)

Заминаа: Брел Емболо (Монако), Ласло Бенеш (Хамбургер), Матијас Гинтер (Фрајбург), Андреас Полсен (Алборг)

Нови бундеслигаши се повратниците Шалке 04 и Вердер, а Арминија Билефелд и Гројтер Фирт се преселија во Цвајте.Титулата ја брани Баерн како апсолутен шампион на Германија. Тимот од Минхен има десет последователни титули од 2013 до 2022 година! Баварците собраа вкупно 31 титула (од основањето на Бундеслигата во 1963 година).

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.