
Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ зад себе остави одличен викенд, по што заслужено се најде во тимот на колото во турската фудбалска елита.
Јаховиќ во триумфот од 3-2 над Трабзонспор успеа да постигне погодок за триумф, а исто така и да изнуди пенал, по што се најде како најдобар, најистурен во нападот.
Зад Јаховиќ се наоѓаат Насри, Озан и Умар, потоа следат Атиба и Толга, а во дефанзивата се Омер, Тошиќ, Диего Ангело и Скубиќ. Меѓу стативите е Хајдар.