• Саше Љолес
Репрезентацијата на Алжир по голема борба и две продолженија го надигра Конго ДР со минимални 1-0, на тој начин обезбедувајќи пласман во четвртфиналето од Африканскиот Куп на нации.
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот понуди голема борба на двете страни, со повеќе шанси и возбудлив фудбал, но не просведочивме голови во регуларното време. Имаа двете селекции свои добри прилики, иако мора да се признае дека Алжирците имаа многу повеќе од играта и на крајот заслужено се радуваа на триумфот.
Херој на победничкиот тим беше Адил Булбина, кој постигна прекрасен погодок во 119. минута, фрлајќи ги во очај навивачите на Конго, кои веќе ја очекуваа пенал-серијата.
Оваа победа го испраќа Алжир на четвртфинална пресметка со репрезентацијата на Нигерија, која ќе се одигра на десетти јануари во Маракеш.



