Булатовиќ: Арсими е добро организиран тим, но ние целиме на нов триумф!

Напаѓачот на битолски Пелистер, Лука Булатовиќ, го најави натпреварот против Арсими, кој ќе се одигра во рамки на 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. 

Битолчани гостуваат кај Арсими осоколени после победата над Шкендија во Тетово и ремито со Вардар на домашен терен, но Булатовиќ предупредува дека следниот ривал е добро организиран и треба сите да го дадат својот максимум. 

„После двата тешки натпревари со Шкендија и Вардар, ни претстои меч со Арсими, екипа која е максимално органзирана на двата краја од теренот.

Ние сме подготвени, ја знаеме нашата цел и ќе се бориме за нова победа која ќе ни помогне во борбата за опстанок во елитното друштво“, изјави Булатовиќ. 

Натпреварот помеѓу Арсими и Пелистер ќе се одигра на четиринаесетти април. Почетокот е закажан за 13:00 часот.