Букари: Не е точно дека покажав непочитување кон Роналдо

Осман Букари, офанзивецот на српскиот шампион Црвена Звезда, стана една од главните теми на денот во последниот ден од првото коло на Светското првенство во Катар. 23-годишниот фудбалер постигна гол на своето деби на Мундијалите во поразот на африканската репрезентација од Португалија со 3-2, а многумина дебатираа за начинот на кој Букари го прослави голот.

Неговата прослава потсетуваше на начинот на кој прославува петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, кој беше на клупата кога Букари постигна гол.

„Забележав дека мојата прослава на голот предизвика многу коментари дека не сум го почитувал Кристијано Роналдо. Тоа е неточно. Бев обземен од емоции во моментот кога постигнав гол за мојата земја на моето деби на Светското првенство. Моето воспитување не ми дозволува да не ги почитувам постарите, а камоли мојот идол. Ви благодариме за поддршката, а ние сме концентрирани на следниот натпревар“, објави на социјалните мрежи Осман Букари.

Букари постигна гол против Португалците во 89. минута и успеа да ја намали негативата. Андре Ају беше стрелец на првиот гол за селекцијата предводена од Ото Адо, а головите за Португалија ги постигнаа Кристијано Роналдо (пенал), Жоао Феликс и Рафаел Леао.

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1