• Саше Љолес
Славниот холандски фудбалер, Рафаел Ван Дер Варт, упати критики на адреса на англискиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Букајо Сака, кому му порача „малку да се спушти на земјата“.
Ван дер Варт го коментираше пристапот на Сака за време на изведувањето на пеналот во тринаесеттата минута и рече дека тоа што го видел воопшто не му се допаднало.
„Сака се прецени самиот себеси кога го изведуваше пеналот. Делуваше како да вели „видете ме, сега ќе го украдам шоуто“. Не, пријателе, ти си обичен играч и мораш да се фокусираш да постигнеш гол.
Да работиш напорно секој ден и да се подобриш во секој сегмент. Мислиш дека си светска класа, а не си. Срамен потег, мора да се приземји и да стане подобар соиграч за тимот“, беше директен Холанѓанецот.
Во секој случај, Арсенал на крајот извојува нова голема победа над Реал Мадрид (1-2) и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде ќе одигра двомеч со францускиот ПСЖ.