Бујната блондинка спречена да го прекине финалето на Копа Америка

Кинси Волански

Крајот на сезоната во фудбалска Европа беше одбележан со финалето на Лигата на шампионите во Мадрид.

Ливерпул го совлада Тотенхем и ја освои титулата, но мечот го засени блондинка која влета на терен и ја шокира јавноста. Таа му побегна на обезбедувањето и истрча на терен полугола и со реклама за своето момче на предниот дел од облеката.

Популарната Кинси Волански и нејзиниот дечко Виталиј Здоровецки направија обид истото да го направат и на Копа Америка. Сепак, обезбедувањето во Бразил беше далеку повнимателно и успеа да спречи сличен испад.

Американката беше уапсена во Рио заедно со Виталиј, а сето тоа го потврди на својот Инстаграм профил.