• Зоран Мишевски

Напаѓачот Антонио Бујчевски ја заврши својата шестмесечна епизода во косовскиот прволигаш Трепча и се враќа во мак-фудбалот.
28-годишниот битолчанец е продукт на школата на Пелистер, а покрај за матичниот клуб во нашата земја играше и за уште неколку прволигашки екипи.
Бујчевски во Косово замина од Силекс, а тресеше мрежи и за Тетекс, Металург, Ренова, Еуромилк и Вардар.
Во косовскиот шампионат со дискретен успех настапуваат голем бој фудбалери од нашата земја.