Бујар Ислами ќе ја води Беса во следните предизвици во ВМФЛ

Екипата на Беса од Добри Дол брзо пронајде замена на тренерското столче и за предводник го назначи 42-годишниот Бујар Ислами.

Ислами до скоро работеше во екипата на Ренова, на која успеа да ѝ обезбеди излез во Европа. Мина едно коло откако го елиминира Алашкерт, а потоа потклекна пред Хајдук Сплит во меч во Скопје.

Тетовчанецот на местото шеф на стручен штаб на Беса доаѓа како замена за Менсур Јакупи кој пред неколку дена си поднесе оставка.

Тимот кој е новајлија во ВМФЛ-Запад се наоѓа на шестото место на табелата, а мечевите ги продолжува на 16 октомври на гости кај Велешта.