Бујар Хајдари од Скопје во нападот на албанска Влазнија

Македонскиот фудбалер Бујар Хајдари има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во албанската Суперлига каде веќе пристигнаа неколку други македонски играчи.

Нов клуб на 20-годишниот центарфор е Влазнија. Двете страни постигнаа договор и потпишаа соработка за периодот кој следи. Играчот во минатата сезона во Скопје настапи на 28 натпревари, а даде шест гола и имаше една асистенција.

За Хајдари авантурата во Влазнија ќе биде втора во странство, по настапите за швајцарските Женева и Верние. Исто така тој беше дел и од македонскиот прволигаш Работнички.