• Иван Димовски
Фудбалот во Бугарија го погоди голем скандал. Според информациите 46 играчи и тренери од Првата и Втората лига добија суспензија поради обложување на натпревари од минатата сезона.
Акцијата ја спровела Националната дирекција на полицијата во соработка со Фудбалскиот сојуз и Националната агенција за приходи, а истрагата траела речиси една година. Дисциплинската комисија реши сите инволвирани да бидат исклучени од активности сè додека не ја подмират паричната казна од 5.113 евра.
Како олеснителна околност беше наведено дека нема докази дека тие се обложувале на натпревари на сопствените клубови.