Бугарски клуб со двајца Македонци го враќа Кварезма на терените од пензија!?

Поранешниот португалски интернационалец Рикардо Кварезма се поврзува е опција за екипата на ЦСКА 1948 во чии редови има двајца македонски фудбалери Марио Илиевски и Стефан Ристовски, пренесува „Дспорт“.

Двете страни преговараат за евентуален трансфер на поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Порто, Интер, Бешикташ и Челзи во тимот од Бистрица. Интересно е што 40-годишниот техничар пред две сезони ја заврши кариерата во Виторија Гимараеш.

Кварезма разгледува да ја продолжи кариерата и ЦСКА 1948 е сериозна опција за него. За таа цел, претставници на „морнарите“ стапиле во контакт со бугарскиот клуб и биле водени прелиминарни разговори.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.