Фудбалот во Бугарија го погоди голем скандал. Според информациите 46 играчи и тренери од Првата и Втората лига добија суспензија поради обложување на натпревари од минатата сезона.
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Бугарија, каде потпиша за Левски Софија. Откако потпиша договор на три сезони, нашиот дефанзивец го даде првото интервју за клупската телевизија и истакна дека е среќен што ќе го носи дресот на култниот бугарски клуб.
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е ново засилување на бугарскиот прволигаш Спартак Варна. Дваесетедногодишниот фудбалер ќе работи под водство на својот дедо, познатиот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски, кој неодамна беше именуван за шеф на стручниот штаб на клубот.
Македонскиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на бугарскиот Спартак Варна. 70-годишниот искусен стратег ќе го наследи Николај Киров, кој неодамна се пресели на кормилото на Ботев Пловдив.
Македонскиот фудбалер и повремен репрезентативец Марио Илиевски ќе ја продолжи својата кариера во нов клуб оваа есен, откако и официјално го напушта бугарскиот тим ЦСКА 1948.
Македонскиот фудбалски интернационалец, Марио Илиевски, го постигна петтиот гол во најсилниот бугарски шампионат, откако стрелаше во победата на неговата ЦСКА 1948 Софија (4-1) над Крумовград во натпреварот од 26. коло.
Петко Ганчев ја прокоментира неверојатната ситуација во која се нашол откако со едноминутно молчење почна натпреварот на неговиот поранешен клуб Арда против Левски поради негова смрт.
Македонија нема многу интернационалци во бугарскиот шампионат, па големо изненадување беше трансферот на младиот Стефан Тасев во Дунав Русе. 20-годишниот македонски голман за првпат во кариерата ќе има интернационален предизвик.
Македонскиот голман Стефан Тасев го напушти Тиквеш и за првпат во кариерата ќе има интернационален предизвик. 20-годишниот чувар на мрежата се сели во соседна Бугарија, каде ќе застане меѓу стативите на второлигашот Дунав Русе.
Бруно Акраповиќ во моментов работи во бугарскиот клуб Хебар Пазарџик кој е дел од најдобрата лига во земјата, а во тимот доаѓа еден тренер од Македонија.
Некогашниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски ќе остане да биде дел од стручниот штаб на Левски Софија и во иднина, а ќе соработува со стратег од Србија.
Бугарскиот фудбалски клуб ЦСКА Софија официјално го објави трансферот на своето дванаесетто летно засилување, тоа е легендата на Лидс Јунајтед, Лиам Купер, кој има 284 настапи, од кои 64 во Премиер лигата, во неговите 10 години во клубот.
Поранешниот португалски интернационалец Рикардо Кварезма се поврзува е опција за екипата на ЦСКА 1948 во чии редови има двајца македонски фудбалери Марио Илиевски и Стефан Ристовски, пренесува „Дспорт“.
Новото засилување на ЦСКА 1948, Марио Илиевски, за бугарските медиуми говореше за прв пат по неговиот трансфер во клубот. Тој сподели дека неговиот стил на игра наликува на оној на Роберт Левандовски.
Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години, Никола Величковски замина од Македонија Ѓорче Петров за својот прв интернационален предизвик.