• Мартин Танасковски

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Јасен Петров ги разгледува опциите во нападот за дуелот против Македонија и ќе повика „џокер“ кој игра во Португалија.
Се разгледува можноста да се повика 26-годишниот Стивен Петков кој игра за тимот на Феирензе. Напаѓачот игра во одлична форма и во моментов има 11 гола во второлигашкиот фудбал во Португалија, што го прави најефикасен бугарски играч во Западна Европа.
Голема е веројатноста тој да се најде на списокот за мечот со Македонија. Досега, Стивен Петров го нема облечено дресот на Бугарија, што значи дека евентуален повик ќе го направи дебитант во А-тимот.
Дуелот меѓу двете селекции се игра во Лигата на нациите на 2 јуни.