Бугарија остана и без селектор по скандалот со расизмот против Англија!

Бугарскиот фудбал бележи невиден потрес, затоа што репрезентацијата остана и без тренерот Красимир Балаков, кој си поднел оставка по расистичкиот скандал на натпреварот против Англија во рамки на квалификациите за ЕП 2020.

Англичаните убедливо славеа во Софија (0-6), но бугарскиот фудбал се соочува со сериозна казна поради расизам, нацистички отпоздравувања и навреди од гледачи присутни на стадионот.

Балаков неколку дена по мечот реши да си замине, а претходно оставка си поднесе и првиот човек на бугарскиот фудбал Борислав Михајлов. Во целата ситуација се вмеша и премиерот Бојко Борисов, кој испрати полиција во просториите на бугарскиот сојуз, околу истрага за можна корупција и местење на натпревари.

Хаосот во бугарскиот фудбал допрва ќе се развива, а како ќе заврши, останува да видиме...

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 8 7 0 1 37:6 31 21
2 ЧешкаЧешка 8 5 0 3 13:11 2 15
3 КосовоКосово 8 3 2 3 13:16 -3 11
4 БугаријаБугарија 1 8 1 3 4 6:17 -11 6
5 Црна ГораЦрна Гора 1 8 0 3 5 3:22 -19 3