Бугарија ја исполни целта, во Скопје следи битка за второто место во групата!

Фудбалската репрезентација на Бугарија со леснотија слави против Гибралтар со 5-1 (2-1) и го испрати ривалот во Д конкуренцијата во Лигата на нациите. Нашиот следен противник позитивно одговори на тренерската смена и слави на првиот меч под водство на новиот селектор Младен Крстајиќ. Србинот со реновиран состав започна според планот, со убедлива победа над Гибралтарците. 

Пресметката на „Хувефарма Арема“ во Разград започна со гол за предноста на домаќинот преку Антов во 23. минута, меѓутоа гостите само три подоцна изненадувачки израмнија (1-1). Бугарија беше апсолутно подобра на теренот, притискаше константно и правеше шанси, а до полувремето успеа пак да поведе преку Десподов.

На стартот на продолжението со два брзи погодоци беше решено прашањето на победникот. Кирилов во 52. и Стефанов три минути подоцна донесоа убедлива бугарска предност од 4-1, во пресрет на завршницата. Точка на овој триумф стави Петков со погодок во 81. минута од средбата. 

Со оваа победа Бугарија дојде на шест бода и в понеделник во Скопје ќе се бори со Македонија за второто место во групата. Пресметката на Арената „Тодор Проески“ се игра во 20:45 часот, а пласманот ќе одлучува за шеширите во пресрет на ждрепката за квалификациите за Европското првенство. 

Состави

Georgi Ivanov

4-4-2

    Julio Ribas

    4-3-3