Бугари ќе му судат на Вардар на гостувањето кај Розенборг

Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, в четврток ќе го одигра својот прв гостински натпревар во новата сезона на Лига Европа. 

Вардарци ќе гостуваат кај норвешкиот првак, Розенборг, а УЕФА денес ги одреди делителите на правдата за овој дуел. Старт на „Леркендал“ стадионот во Трондхајм ќе означи Ѓорѓи Кабаков од Бугарија, а негови помошници ќе бидат сонародниците Мартин Маргаритов и Мартин Венев. Зад головите дополнителни судии ќе бидат Никола Попов и Станислав Тодоров. 

Вардар во првото коло загуби убедливо од Зенит (0-5), а натпреварот против Резенборг се игра во првиот термин од 19.00 часот.